Храбра и одлучна 30 годишна ХИВ позитивна жена од Скопје решила да остане трудна и да роди свое дете.

Таа пред 4 месеци го донела своето дете на свет кое е ХИВ негативно.

Др. Милена Стевановиќ ексклузивно за Канал 5 раскажа како ХИВ позитивна жена може да роди ХИВ негативно дете, а и сопругот да остане ХИВ негативен.

Мајката редовно доаѓаше на контроли уште пред да остане бремена, со редвно лекување вирусот се ослабува и не може да се пренесе“, вели директорката на Инфективна клиника. вистинска љубов помеѓу двајца, но и големи емоции и среќа за персоналот на клиниката за гинекологија и клиниката за инфективни болести.

Во моментов 400-тина луѓе ХИВ позитивни на клиниката за инфективни болести примаат терапија.

Клиниката за гинекологија на чело со директорката Јовановска, докторот кој ја водеше бременоста Тофоски, докторот кој ја породи Кочоски и целиот тим со сестри беше професионален. Навистина сме горди и среќни и двете клиники“, вели Стевановиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.