Со МРП во Македонија не се вакцинирани околу 22.000 деца од нив 4.400 се од Скопје.

На Eвропската недела на имунизација министерот за здравство рече дека процентот на вакцинација со ова вакцина е се уште мал за да се создаде колективен имунитет и да се сузбие епидемијата на морбили.

До сега со мали сипаници од почетокот на годината заразени се 1060 лица.

Минатата недела имало 120 нови случаи. Од комитетот на имунизација велат дека пријавени се само две несакани реакции од МРП вакцината и тоа очекувани реакции како што е покачената температура.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.