Освен „фајзер“, третата бустер-доза од „Астра зенека“, „Спутник“, „Модерна“, кинеските вакцини „синофарм“ и „синовак“, на сите пациенти кои се вакцинирале во Србија не им се признаваат во Македонија, пишува весникот „Вечер“.

Македонците кои сакаат или веќе се вакцинирале со која било друга вакцина , освен со „фајзер“, нема да можат да го евидентираат тоа во системот на нашето здравство, односно нема да можат да добијат документ во Македонија дека примиле трета доза вакцина.

Информацијата за весникот „Вечер“ ја потврдиле од Министерството за здравство. Оттаму велат дека тоа е по препорака на Националната комисија за имунизација за трета доза вакцина.

Илјадници наши граѓани, на почетокот од пандемијата, кога Македонија немаше ниту една вакцина, беа примени во Србија, најмногу во Врање и во Ниш, каде што се вакцинираа , најголем број со вакцината на „Астра зенека“, „Спутник“ и со кинеските „синофарм“ и „синовак“. Многу од овие наши граѓани сега сакаат или веќе биле да примат трета доза од истата вакцина.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.