Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше дека најголем број од починатите лица, како последица од корона вирус, имале хронична болест на белите дробови или дијабет.

Може да ја извадиме точната статистика. Тоа се хроничната опструктивна болест, хроничната кардиовласкуларна болест, хроничната слабост на срцето во смисла на кардиомиопатија и дијабетот. Стандардните хронични состојби коишто го слабеат кардиоциркулаторниот капацитет, пулмоналниот капацитет, белодробниот и било каква инфекција, белодробна или друга значи дека може да има поголем ризик од смртност, нагласи Филипче, одговарајќи на новинарско прашање околу тоа кои хронични болести ги имале пацинетите кои го загубиле животот како последица од Ковид-19.

Во однос на тоа во кои скопски општини има заразени лица од корона вирус, министерот рече дака се уште се прави анализа за општините во Скопје и оти ќе биде споделена со јавноста кога ќе ја изготват епидемиолозите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.