Се зголемува бројот на заразени со Ковид-19 во општина Дебар,која беше прво жариште на болеста. Во изминатото деноноќие потрдени е уште четворица новозаразени со што вкупната бројка на Ковид дијагностицирани се зголеми на 96, од нив тројца од општина Центар Жупа.

Од вкупната бројка на заразени лца, 45 се од од вториот бран на пандемијата, која ни се врати на петти јуни по вкупно педесет дена. Сега посебна кларактеристика е што заболените и припаѓаат на младата популација. Од 45-те заболени, еден е излекуван, додека останатите 44 се активни на болеста, од кои пак седуммина се хоспитализирани во здравствените установи во Скопје, изјави градоначалникот Хекуран Дука, кој раководи и со општинскиот Оперативен штаб.

Тој во име на штабот, кој во континуитет ја анализира состојбата и превзема соодветни мерки, повторно упати апел до сите строго да ги почитуваат мерките и протоколите предвидени од надлежните, затоа што „ главната причина за повторната појава, која секојдневно станува се позагрижувачка, е токму нивното непочитување“.

Инаку, во првата фаза од пандемијата кога беа регистрирани 51 заболен, 47 од нив оздравеа додека битката со опасниот вирус ја згубија четворица.

Јавна тајна е дека голем број граѓани не ја почитуваат мерката за носење заштитна маска, што потврдува и податокот дека се зголемува бројот на изречените парични казни.

Во изминатото деноноќие полициските службеници од Одделението за внатрешн работи во Дебар, издале 10 а во последните неколку дена педесеттина прекршочни платни налози.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.