Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.577 и има околу 260 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 74 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 666 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 912 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 88 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 67 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 36 пациенти, во Велес се лекуваат 70 болни, а во Куманово 147 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 116 во ковид центарот во Гостивар 41, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 77 пациенти, во Кочани 34 во Кичево 21, Кавадарци 71, а во Гевгелија 26 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 30 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 20 примени пациенти и 10 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 4 нови болни, а 10 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 76 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 306 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 142 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 149 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти. На Клиниката за детски болести има 11 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 9 позитивни пациентки.

Вкупно 666 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.