Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 186 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани пет нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 131 лице сомнително и потврдено за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Како што соопштија од Министерството за здравство, во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 4 пациенти, во Велес се лекуваат 16 болни, а во Куманово 34 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 25 пациенти, во Прилеп 12, во ковид центарот во Гостивар 5, а во Струга 21 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 16 пациент, во Кочани 4 во Кичево 7, Кавадарци 5, а во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 317 и има околу 565 празни болнички кревети во ковид центрите.
Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало еден примен пациент и 4 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома е пуштен еден оздравен пациент.
Во ковид центрарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 18 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 49 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 64 пациенти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.