Во рамки на Детската болница Козле, функционира посебно Ковид одделение и болницата претставува Ковид 2 центар. Директорот на болницата, Ангелчо Андоновски вчера преку видео врска разговараше со претседателот Стево Пендаровски. Тој рече дека во болницата се тестирани повеќе од 50 деца од кои четири биле позитивни на вирусот.

Најмалите дијагностицирани деца биле на возраст од четири месеци, а најголемото на возраст од 15 години. Во моментов во болницата во Козле се хоспитализирани три деца кои се сомнителни на вирусот, меѓу кои е и бебе родено пред 16 дена. Децата кои заболуваат од вирусот, имаат лесни симптоми и поминуваат без никакви компликации“, истакна д-р Андоновски и посочи дека тоа во најголема мерка е резултат на физичката дистанцираност, односно децата седат дома со своите родители и не посетуваат градинка или училиште.

Д-р Андоновски рече дека меѓу вработените во таа јавна здравствена установа, досега, нема заболени од ковид – 19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.