Во болницата Козле останати се уште неколку возрасни пациенти. Верувам од крајот на неделата понатаму ќе биде повторно наменета само за лекување на деца, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле на 20 јуни стана ковид-центар. Според извештајот од Министерството за здравство до вчера во болницата во Козле беа хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 позитивни деца, 3 мајки и 4 деца суспектни на вирусот.

Според Филипче, слободни кревети има на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, околу 70 окупирани.

Значајно намалување на бројот на хоспитализирани пациенти има и во Градската општа болница „8 Септември“ – денеска околу триесетина, што дозволува постепено да се врати нормалното хоспитализирање, посебно на болницата „8 Септември“ преку системот Мој Термин“, потенцираше министерот Филипче.

На вчерашната прес-конференција Филипче осврнувајќи се на епидемиолошкиот аспект, истакна дека состојбата е стабилна, вклучително и состојбата со болниците каде практично секаде има слободни болнички капацитети. Во однос на состојбата со коронавирусот согласно последниот извештај на Институтот за јавно здравје, од случаите во изминатата недела, Филипче информираше дека хоспитализирани биле вкупно 71 од новозаболените што е намалување од 40,3% во однос со претходната недела.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.