Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1427 и има околу 270 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 835 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 86 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 60 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 71 болни, а во Куманово 116 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 94 пациенти, во Прилеп 120, во ковид центарот во Гостивар 38, а во Струга 12 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 71 пациенти, во Кочани 17 во Кичево 17, Кавадарци 73, а во Гевгелија 25 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.