Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекува вкупно 881 пациент позитивен и суспектен на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 81 пациент позитивен и суспектен на КОВИД-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 65 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 65 болни, а во Куманово 111 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 126, во ковид центарот во Гостивар 61, а во Струга 39 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 71 пациент, во Кочани 24, во Кичево 20, Кавадарци 46, во Гевгелија 17 лица, а во Дебар 9 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1326 и има околу 160 празни болнички кревети во ковид центрите, соооштуваат од Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје е хоспитализран 41 нов пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 445 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 19 приеми и тоа шестмина пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, еден болен е хоспитализиран на Клиниката за дерматовенерологија, тројца пациенти на ОРЛ, двајца на Клиниката за нефрологија и четворица на Клиниката за очни болести.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 13 нови приеми на пациенти, а 9 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 33 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 31 болен, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 46 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, на Клиниката за очни болести 15 пациенти, а на ОРЛ 26 болни.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 103 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 33 пациенти, од кои 8 деца и 25 возрасни.

Вкупно 445 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.