Сопствениците на домашни миленици да добијат специјални дозволи со кои ќе може да ги изнесуваат кучињата надвор и додека трае полицискиот час, посебно за викендите, кога забраната за движење почнува од 16:00 часот, препорачува Ветеринарната комора.

Притоа нагласува дека е многу важно да се дефинираат строги ограничувања и во таа насока предлага: движењето на сопствениците на миленици да биде од 19:30 – 21:00 часот, да трае максимум 20 миниути и да биде во радиус од 200 метри од зградата на живеење.

Овие специјални препораки Ветеринарната комора денеска ги достави до Владата.

Кучето да биде придружувано само од едно лице кое постојано ќе се движи и нема да седи на клупа, за време на прошетката да се забрани групирање на сопствениците на домашните миленици на едно место и да се оневозможи интеракција на животно со животно, да се овозможи кучињата чии сопственици се неподвижни или постари од 67 години, да ги шетаат други, претходно назначени лица, соодветно да го собираат и отстранување цврстиот измет од милениците по шетањето, да се придржуваат до општите и посебните препораки за чување домашни миленици во услови на пандемија со КОВИД -19, како и сопственикот или придружникот кој го шета миленикот секогаш со себе да го носи и пасошотна кучето со кој се докажува кому му припаѓа и дека има микрочип (за да се спречат какви било злоупотреби на животното врзано за поводник, како изговор за слободно движење на луѓето), се препораките на Комората.

Како што вели за МИА претседателот на Ветеринарната комора, Томислав Николовски, кучињата мора да ги извршат своите физиолошки потреби, а секое менување на нивната веќе стекната рутина или навика, предизвикува дополнителен стрес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.