Руски научници создадоа вештачка интелигенција која ќе им биде од помош во дијагностицирањето корона вирус кај луѓето.

Како што пишува „РТ“, повикувајќи се на Националната технолошка иницијатива (НТИ), платформата „Антикорона“ ќе биде една од можностите на услугите во облак.

Користејќи алгоритми на вештачка интелигенција, таа ги анализира снимките добиени со компјутерска томографија, магнетна резонанца и позитронска емисиска томографија, им помага на лекарите во поставувањето дијагноза и предлага план за лекување за секој пациент.

Развојните програмери објаснуваат дека можностите на оваа технологија се и пошироки. Таа може да им помогне на лекарите да дијагностицираат цела низа болести на градниот кош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.