Веројатноста за зараза со коронавирус при топло време во отворени води или езера е минимална, соопшти Централниот истражувачки институт за епидемиологија на Русија, пренесе ТАСС.

Коронавирусот е респираторен вирус кој предизвикува акутни респираторни вирусни инфекции. Тој се пренесува од човек на човек преку воздушни капки и заразени површини. Во однос на отворените води, постои можност од зараза со бактериска или цревна инфекција, но не и со коронавирус. Тој е нестабилен при горештини, така што отворената вода дополнително го намалува ризикот од инфекција, објасни Михаил Лебедев од Институтот.

Вирусот кој предизвикува Ковид-19 е внатреклеточен паразит, кој живее во човечки клетки, тоа е негово природно живеалиште. Но, во околината или на површините, неговата одржливост драстично се намалува, особено кога е топло надвор. Кога се загрева на 30 степени или повеќе, ја губи својата способност. Но, во никој случај не треба да се заборави дека опасноста од пренесување од човек на човек по воздушно-капков пат не е засегната од топлината, потенцира експертот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.