Британскиот министер за здравство, Мет Хенкок, во понеделникот рече дека очекува вакцината против Ковид-19 развиена од Универзитетот Оксфорд и АстраЗенека „најверојатно“ да биде достапна „во првите неколку месеци од следната година“, иако подоцна оваа година ќе биде „најдоброто – сценарио за случајот.”

Имаме веќе договорени 30 милиони дози со АстраЗенека, всушност тие почнуваат да ги произведуваат тие дози веќе, пред одобрувањето, така што треба да дојде до одобрување – и сè уште не е сигурно, но гледаме напред – кога и да дојде одобрувањето ќе бидеме подготвени да одговориме, изјави тој.

Универзитетот Оксфорд и АстраЗенека неодамна започнаа со испитувања врз луѓе на нивната пробна вакцина против коронавирус врз околу 50.000 учесници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.