Малку кој носи чорапи додека спие, но после овој текст веројатно ќе се предомислите.

Кога навечер ќе ги загреете стопалата доаѓа до ширење на крвните садови со што се испраќа сигнал на мозокот дека време е за спиење. Кога крвните садови во стопалата и рацете се отворат, топлината се шири по целото тело и тоа се подготвува за сон, што обезбедува помирен сон, и тоа главно без прекини.

И не само тоа, научнците откриле дека кога навечер ќе облечете чорапи, ќе заспиете побрзо, дури 15 минути побрзо отколку што просечно ви треба.

И алтернативната медицина се сложува со овие заклучоци. Според традицоналната кинеска медицина, ладните стапала ја влечат топлината од телото и го прекинуваат дотокот на витална енергија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.