Девојка која се породила во март е најмладата жртва на Ковид 19 од вчера. Во кобниот билтен имаше вкупно 41 починат, а тројцата најмлади се 18-годишната девојка, 23-годишно момче од Скопје и 31-годишен жител на главниот град.

Сите биле невакцинирани, а од вчерашните жртви само тројца имале целосен вакцинален статус. Од Mинистерството за здравство за Телма велат дека всушност дневната бројка е помала, а дополнително се пријавени-починати од претходно. Ни одговорија дека нема грешки во лекувањето туку починати со повеќе хронични болести.

Само 24 пациенти починале во изминатото деноноќие. Останатите 17 пациенти починале во изминатите неколку недели во приватни болници или во домашни услови, но за нив пријавувањето може да е со задоцнување бидејќи е прeку матични лекари. Од вкупно 41 починати пациенти, само 11 биле без хронични заболувања, 29 од нив се со повеќе од две хронични заболувања, а сите имале кардиолошки болести, соопштија од МЗ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.