Хируршките интервенции и гинеколошките породувања во кичевската општа болница се одиваат во една хирурша сала. Поради недостиг на простор за двете одделенија, состојбата е ваква со години, иако оваа здравствена установа покрива територија од околу 60 илјади жители. Гинекологот Љупче Ристески за „Алсат“ вели дека ваквата ситуација е лоша и невидена на друго место.

Работиме двете служби во една операциона сала, што е супстандрадно и што никаде не се случува. Внимаваме да не ја оптовариме салата со случаи кои може да бидат инфективни и кои можат да остават последици и да ги комплицираат другите случаи кои се чисти и кои ги внесуваме тука – изјави Љупче Ристески-лекар гинеколог.

Ристески вели дека многу често се случува да не може да одговорат на потребите на сите пациенти бидејки во салата веќе има друг пациент на третман.

Ваква болница не можете да сретнете од овде, па до југ сè до супсахарска Африка – рече Љупче Ристески, лекар гинеколог.

Директорот на болницата признава дека работат во катастрофални просторни услови, но вели дека сепак имало некаков ред.

Имаме џентламенски договор. Секогаш пациентиките од гинекологија, секогаш имаат предност пред нашите – изјави Станко Трпески, директор на општа болница Кичево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.