Вакцините „Спутник В“ произведени на Институтот Торлак во Белград, добија дозвола за употреба од страна на националниот регулатор, Агенцијата за лекови и медицински средства, потврди за Танјуг министерот во Владата на Србија, Ненад Поповиќ.

Тоа значи дека вакцините Спутник В „мејд ин Србија“ од денеска ќе почнат да се имплементираат на вакциналните пунктови ширум Србија”, рече Поповиќ, кој е и претседател на Меѓувладиниот комитет за соработка со Русија.

Тој истакна дека досега на Институтот Торлак е произведено скоро 1,5 милиони дози од вакцината Спутник В и дека до крајот на годинава се очекува да бидат произведени најмалку 4 милиони.

Тој потсети дека производството на вакцината Спутник В на Институтот Торлак почна во јуни годинава , и дека Србија засега е прва и единствена земја во Европа која ја произведува Спутник В, вакцината.

Министерот Поповиќ и во оваа прилика и се заблагодари на Русија што она што било за другите земји строго чувана тајна, таа решила да ја подели со Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.