Вакцината против корона вирусот ја примиле 1677 здравствени работници во Македонија.

Имунизацијата се одвива во модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје, а се врши со вакцини од производителот „Фајзер“ кои државава го доби како донација од Србија.

Како што информираат од Министерството за здравство, преку интернет страницата „vakcinacija.mk“ за вакцинација се пријавиле 67.700 граѓани, додека преку матичен лекар желба за вакцинирање изразиле 43.789 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.