Кандидатот за вакцина против Ковид-19, развиен од Астра Зенека, развива соодветен имунолошки одговор кај постарата популација, објави во понеделникот Фајненшл тајмс повикувајќи се на резултатите од истражувањето.

Извори блиски на студијата рекоа дека вакцината, која е изработена од Универзитетот во Оксфорд во соработка со Астра Зенека, го зајакнува производството на неопходни антитела и Т-клетки кај третираната популација.

По неколку проблеми со тековните истражувања за вакцините, неодамнешниот извештај сугерираше дека Астра Зенека доби дозвола да ги продолжи своите испитувања во САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.