Вакцината против коронавирус, развиена од „AstraZeneca“ и Универзитетот во Оксфорд, ќе ја започне третата фаза на испитување во Мумбаи, откри Институтот за серум во Индија во вторникот.

Вакцината, именувана „Ковидшилд“ во Индија, ќе биде тестирана во две болници во Мумбаи, на примерок од 320 луѓе на возраст од 20-50 години.

Пред еден месец, „AstraZeneca“ објави прелиминарен извештај за истражувањето, во кое се открива дека нејзиниот кандидат за вакцина произведува соодветна имунолошка реакција и е безбедна за употреба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.