Ставот дека МРП вакцината предизвикува аутизам е без докази. Инциденцата на aутизмот се зголемува, не само во Македонија и покрај тоа што има многу невакцинирани деца со неа. За жал ова е статистика и на светско ниво. Веројатно причините се комплексни. Една од нив е растурање на класично семејство, родители, деца, баба и дедо. Токму бабите и дедовците беа задолжени за социјалниот и емоционалниот живот на децата. Тие беа стимулатори во нивниот развој. Сега градинката е стимулатор, но не одат сите деца во градинка. Родителите се зафатени, дел од нив работат по цел ден, таква е приватната работа. И по враќањето дома се или на интернет или се преморени и спијат.Така да децата не ја добиваат стимулацијата во текот на денот. По опасно е мајките и татковците кога се на компјутер или таблет отколку децата. Тие барем можат нешто да научат. Но за жал не ги учат тие работи кои треба да ги научат. Развојот на детето е празна книга која треба правилно да се напише и наполни. Ако нема доволно стимулација тоа е еден од најбитните фактори кои можат да придонесат за аутизам, но не е причина за предизвикување на истиот. Мерките кои се превземени од Владата и Министерство ги оправдувам бидејќи невакцинирано дете не го загрозува само својот живот туку и на неговото семејство и на цела околина. Имунитетот стекнат со вакцинација е индивидуален колективен -имунитет на стадо. Ако влезе волк во стадо како, a влезната врата e невакцинирано дете, последиците ќе бидат многу лоши за сите и за вакцинираните и за невакцинираните деца – смета професор д-р Филип Дума, детски невролог.

Тој во интервју за 24инфо вели дека проблемот со морбили е уште поголем за старите лица во чие време немало вакцина за морбили. Тие многу потешко ќе ја поминат болеста ако заболат.

Вакцината е воведена некаде околу 1980 година. Значи сите генерации пред тоа можат да се разболат ако ја немаат прележано. За среќа не е каратинска болет. Но посебно ризични се трудници, деца во првите месеци од животот, старите луѓе. Освен воспаление на мозок се јавуваат и тешки пневмонии, компликации со ресираторен систем така да вакцината е единствен начин на заштита – вели Дума.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.