Здрави момчиња би можело да бидат примени во болница со редок несакан ефект од вакцината на Фајзер на БионТек поради воспаление на срцето и тоа би било поголем проблем отколку симптомите и последиците од самиот Ковид, тврдат американски истражувачи, а пренесува „Гардијан“.

Нивната анализа врз основа на медицински податоци сугерира дека момчињата на возраст од 12 до 15 години, без никакви други медицински состојби, имаат четири до шест пати поголема веројатност да им биде дијагностициран миокардитис поврзан со вакцината отколку да завршат во болница поради компликации од Ковид.

Симптомите на срцеви тегоби се забележувале во рок од неколку дена по втората доза од вакцината на Фајзер.

На околу 86% од момчињата кои го доживеале несаканиот ефект им била потребна одредена болничка нега, велат авторите на истражувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.