Вакцината против мали сипаници, заушки и рубеола не предизвикува аутизам, покажа новото истражување кое било спроведено со намера да ги уверат оние кои се сомневаат во вакциниррањето, пишува „Гардијан“.

Европските застапници предупредуваат на здравствените ризици од опаѓање на бројот на вакцинирани деца во ЕУ.

Сомнежите дека вакцината МРП (против заушки, рубеола и паротитис односно сипаници) предизвикува аутизам ги отвори гастроентерологот Ендрју Вокфилд кој во 1998 година ја постави хипотезата дека примањето на оваа вакцина предизвикува аутизам. Симптомите на аутизам почнале да се манифестираат меѓу 12 и 15 месеци.

Оваа теорија не е докажана, а на Вокфилд подоцна му било забрането да практицира медицина. Но, со појавата на социјалните мрежи повторно се појави сомнежот за вакцинирање.

УНИФЕЦ неодамна предупреди дека бројот на случаи на новозаболеми со мали сипаници се екстремно се зголемил, а епидемијата се шири меѓу децата кои не се вакцинирани Светската здравствена организација соопшти дека невакцинирањето е една од десетте најголеми закани на светското здравје.

Дански научници спровеле едно од клучните истражувања за да покажат дека не постои врска меѓу вакцините и аутизам. Со истражување почнале во 2002 година, а нивното најново истражување вклучува 6.517 случаи на аутизам, најголем број до сега, а спроведено е меѓу 650 илјади деца во Данска кои ги следеле 10 години.

Д-р Андрес Петер Хвид од Институтот Серум во Копенхаген изјави дека студијата од 2002 година е објавена пред 16 години во списанието „Њу Ингланд џрнал оф медисин“, но не ја елиминирала идејата дека вакцината не предизвикува аутизам.

Истажувачите имале намера да се занимаваат со критиките кои ги апосторфираат противниците на вакцинацијата, како што е тврдењето дека некои групи деца се подложни на аутизам откако биле вакцинирани со МРП. Научниците ги анализирале децата кои имале близок сродник кој е аутистичен и оние кои имаат зголемени фактори на ризик за аутизам, како што се постари родители. Исто така зеле во предвид дека имало повеќе аутизам меѓу деца кои примиле други вакцини, пред МРП. Противниците на МРП вакцината исто така утврдиле дека постои еден вид регресивна форма на аутизам која е предизвикана од вакцинирање, а која не се појавува во истражување на комплетната популација. Сите овие теории се тестирани во ова истражување и се покажале како неточни, изјави Хвид.

Не најдовме потврда на хипотезата за зголемен ризик од појава на аутизам по вакцинирање со МРП на неселектираната популација кај данските деца, никаква потврда на хипотезата дека МРП предизвикува аутизам во некои подгрупи кои ги карактеризираат семејни или фактори од околината и никаква потврда за групирање на случаи на аутизам во специфичен временски период по вакцинирање со МРП, пишува во истражувањето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.