Четрвртиот бран на корона вирусот во кој доминира делта сојот доведе со зголемување на бројот на заразени со коронавиирусот во светот.
Во Сан Диего, каде што иста така се бележи зголемување на бројот на заразени, доктор Алберт Хсијао, радиолог, направил споредба на снимките на вакцинирани и невакцинирании пациенти, па кога од американската Ттелевизија Еј-Би-Си добил прашање дали има разлика во клиичката слика кај вакцинираните и невакцинираните пацнети, наместо одговор испратил две фотографии.

Од левата страна е снимка на белите дробови на вакциниран пациент, а од десната страна на невакциниран.

Како што гледате, разликата е драстична. На првата слика го гледате ова црново, тоа е воздух во белите дробови, а тоа е добро. На втората има белина, оваа магла. Тоа се белите дробови на невакциниран пациент и на нив е видливо како ги оштетува инфекцијата, велините се оштетувања од вирусот, но и самиот вирус, објаснува докторот.

На снимката, всушност, се гледа, објаснува тој, како функционираат вакцините. Го препознаваат вирусот како надворешно тело и кога лице ќе се зарази, веднаш го мобилизираат имунолошкиот систем за одбрана. Вакцината го забавува ширењето на вирусите, ги спрелува да се размножат во таа мера што ќе станат смртоносни.

Всушност, му купува време на имунолошкиот систем да се избори со ковидот, поентира тој на крајот и додава: Ако требаше да ви се нацрта како работат вакцините на еден конкретен пример, можете да видите овде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.