Комисијата за заразни болести смета дека е премногу рано за организирање свадби. Но, ниту ова, ниту тоа што вчерашниот ден беше рекорден по бројот на новозаразени не ги поколеба велешани да организираат веселба.

Утринава во Велес се случи свадба и покрај забраната за овакви собири и настани, пренесува Велес 365.

Видеото може да го погледнете тука.

Минатата недела состанок иако угостителите доставиле правилници за тоа како треба да се оргнизира една прослава, од комисијата за заразни болести велат дека сеуште постои ризик од ширење на вирусот.

Презентираниот протокол кој предвидува намален капацитет, список со присутни гости, дезинфекција, редарска служба и слично, комисијата заклучи дека не се створени услови за организирање на вакви настани со оглед на моменталната епидемиолошка сосотјба која се манифестира со зголемен број на потврдени случаи на Ковид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.