Корона вирусот не го попречи авиосообраќајот на охридскиот аеродром. Сите летови и понатаму сообраќаат според досегашното темпо.

Но, патниците од ризичните делови како  Милано епидемиолизите од Охридскиот центар за јавно здравје ќе продолжат да ги прегледуваат со бесконтактен пиштол за мерење телесна температура оти сеуште не е поставена термалната камера.

Од центарот за Јавно здравје велат дека така ќе биде и утре при слетувањето на новата тура патници од Милано кои поединечно ќе бидат прегледувани и анкетирани од тимот епидемиолози задолжени за мониторинг на аеродромот. Сите патници досега соработуваа во лекарската контрола и велат ситуацијата не ги загрижува ниту пак вознемирува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.