Во последните 24 часа по компликации од ковид-19 починаа 7 лица, и тоа двајца пациенти од Струга (78 и 80), пациент од Кочани (77), од Струмица (44), од Скопје (72), од Битола (79) и еден пациент од Гостивар (79), со што вкупната бројка на починати од ковид-19 во земјава стигна до 668.

Во последните 24 часа се направени 1.721 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-33, Куманово-17, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-7, Тетово-13, Струга-3, Велес-6, Битола-4, Охрид-2, Кавадарци-5, Гостивар-8, Гевгелија-3, Струмица-18, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-11, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Валандово-2, Виница-2, Делчево-7, Свети Николе-1, Кичево-3, Ресен-2.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 74 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 34 пациент. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 161, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Институтот за јавно здравје регистрира 132 оздравени пациенти од: Скопје-46, Куманово-13, Штип-7, Прилеп-12, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Битола-3, Охрид-4, Кавадарци-4, Гостивар-12, Крива Паланка-2, Кочани-3, Пробиштип-2, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-1, Делчево-4, Кратово-1, Кичево-3, Неготино-2.

Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 16.088, од кои оздравеа 13.550, а активни се 1.870. Според завршените епидемиолошки анализи, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6.406, активни 526

• Куманово 1.628, активни 200

• Дебар 271, активни 38

• Штип 1.214, активни 68

• Прилеп 574, активни 125

• Тетово 1.325, активни 126

• Струга 633, активни 65

• Велес 295, активни 22

• Битола 253, активни 51

• Охрид 398, активни 54

• Кавадарци 207, активни 31

• Гостивар 865, активни 87

• Гевгелија 92, активни 56 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 130, активни 66

• Крива Паланка 86, активни 36

• Радовиш 54, активни 11

• Крушево 18, активни 2

• Кочани 202, активни 60

• Пробиштип 98, активни 19

• Демир Хисар 61, активни 2

• Македонски Брод 86, активни 11

• Пехчево 42, активни 21

• Берово 74, активни 24

• Валандово 13, активни 4

• Виница 96, активни 28

• Делчево 135, активни 76 (28 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 24, активни 4

• Свети Николе 310, активни 19

• Кичево 294, активни 28

• Ресен 155, активни 8

• Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.721 теста се преку: ИЈЗ-525, ЦЈЗ Скопје-40, Авицена-254, Биотек-154, МАНУ -91, Жан Митрев (Филип Втори)-175, Систина со ПЦР метода -165, лабораторија Лаор –50, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-76, Инфективна клиника-8, ГАК-17, Синлаб-166, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 169.481 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

• Чаир – 49

• Гази Баба – 72

• Аеродром – 83

• Карпош – 71

• Центар – 74

• Кисела Вода – 48

• Ѓорче Петров – 25

• Бутел – 33

• Шуто Оризари – 12

• Студеничани – 9

• Сарај – 15

• Арачиново – 9

• Илинден – 8

• Сопиште – 2

• Чучер Сандево – 2

• Петровец – 5

• Зелениково – 1

• Странец – 4

• Нераспределен-4

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.