И лицата кои се грижат за лица-корисници на туѓа нега ќе добијат дозвола за движење во полициски час, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Ја разгледавме и оваа ситуација откако пристигнаа бројни прашања. Се работи најчесто за лица кои се грижат за членови на семејството на кои им е потребна нега. Овие лица ќе треба да аплицираат во МИОА со соодветна медицинска документација од лицата на кои им е потребна нега и ќе добијат дозвола за движење, рече Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.