Средовечен маж е втор случај годинава кој бил примен како заболен од западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести, објави Сител.

Станува збор за професионален возач од Скопје, а хоспитализиран бил откако дијагнозата лабораториски му била потврдена пред два дена, но сега е во добра здравствена состојба и деновиве ќе биде пуштен на домашно лекување.

Заболениот возел надвор од границите на земјата и како што им кажал на лекарите, не почуствувал кога бил каснат од комарец. На клиниката на одделот за интензивна нега веќе две недели е и 66 годишниот скопјанец со западно нилска треска кој заврши во болница со воспаление на мозокот, но овој пациент се бори и со хроничните заболувања што ги има.

Во Македонија досега се регистрирани 24 случаи на западнонилска треска, а најфатална беше 2012 со три смртни случаи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.