Уште двајца здравствени работници од Кавадарци се позитивни на Ковид-19, потврди за МИА доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Тој појасни дека во изминатите 24 часа, евидентирани се нови 38 случаи позитивни на коронавирус во тиквешкиот регион. Од Кавадарци 24, 11 од Неготино, два случаја од Демир Капија и еден од Росоман. Сите се на возраст од 12 до 82 години. Се утврдуваат контактите на новозаболените со цел нивна изолација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.