Меѓу луѓето што барем еднаш биле болни од ковид-19, претходната физичка неактивност е поврзана со многу потешки симптоми и поголема опасност од смрт, покажува истражување со скоро 50.000 испитаници кои биле заразени со коронавирусот.

Имено, според испитувањето на Медицинскиот центар „Кајзер перманент“ од САД, кај луѓето кои не биле физички активни најмалку две години пред пандемијата, има поголема веројатност да бидат однесени в болница, лекувани на интензивна нега и да починат. Како ризик за сериозноста, физичката неактивност е надмината само од возраста и факторот трансплантација на орган, се вели во напис објавен во британскиот „Журнал за спортска медицина“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.