Директорот на Светската здравствена организација Тедрос Адханом Гебрејесус за појавата на новиот сој на коронавирус омикрон вели дека „не треба да не изненадува” и дека „тоа е нешто што вирусите го прават – мутираат”, како и дека мутациите ќе продолжат сè додека на вирусот му се дозволува ширење.

Тедрос зборувал за фактот дека некои земји забраниле летови од Јужна Африка и земјите каде е регистриран омикрон.

“Многу е загрижувачки тоа што државите кои го пријавија омикрон сега се казнуваат, а ја направиле вистинската работа. Укинувањето на летовите нема да го спречи ширењето на сојот по светот”, рекол тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.