риесет и двегодишен спортист од Кавадарци е новиот случај позитивен на коронавирус, откриен при скрининг. Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци, во изјава за МИА денеска нагласи дека се работи за спортист, кој тренира во спортски клуб во друга општина од Тиквешко и дека скринингот покажал оти сите други играчи се негативни на коронавирусот.

Младиот кавадарчанец бил со лесна клиничка слика и на домашно лекување. Се работи на утврдување на неговите контакти, со цел нивна изолација.

Од почетокот на пандемијата, во Кавадарци има 21 случај на коронавирус, а во Росоман еден. Во Неготино 11, а во Демир Капија 10. с

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.