Во текот на изминатото деноноќие во Кочани  регистрирани се  седум новозаболени од коронавирус, со што вкупната бројка на заразени се искачи на 14 лица.

Според последните информации од Општинскиот кризен штаб, во Кочани активни се три жаришта на ширење на заразата и тоа во Кочани, Подлог и Зрновци. Од нив, во последните 10 дена имало постојано активни лица, а ризикот за ширење на болеста е голем. Сите лица што контактирале со заразените се потенцијални пренесувачи, а во тек се епидемиолошки анкети за детектирање на истите.

Центарот за јавно здравје – Кочани очекува резултати за  60-ина тестови и најавува дека бројот на заразени лица ќе расте во наредните неколку денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.