Трета, засилувачка доза на вакцината против коронавирус Pfizer/BioNTech значително го зголемува заштитниот ефект кај луѓето постари од 60 години, покажа новата студија на израелските научници.

Меѓу постарите луѓе кои примиле две дози од вакцината, инфекцијата се развила 10 пати почесто, а 20 пати повеќе луѓе вакцинирани со двете дози развиле потешка форма на инфекција отколку оние кои ја примиле третата, засилувачка доза, објавија израелски научници во New England Journal of Medicine.

Сите вакцинирани со две дози на вакцина против коронавирус во Израел, сега имаат можност да добијат трета доза најрано пет месеци по примањето на втората доза.

Имено, и покрај високата покриеност за вакцинација, таа земја во моментов се бори со третиот бран на коронавирус.

Израелските истражувачи претпоставуваат дека ова се должи на многу позаразната варијанта на делта на коронавирусот и падот на нивото на заштита што го обезбедува вакцината шест месеци по добивањето на втората доза. Според научниците, ефективноста на вакцината е намалена на 50 проценти.

Карстен Ватцл, генерален секретар на Германското друштво за имунологија, изјави за dpa дека е веќе познато дека нивото на антитела е околу 10 пати повисоко по третата доза на вакцината отколку по само две.

Но, во исто време, студијата сугерира дека заштитниот ефект на двете дози е с уште многу поголем отколку ако поединецот воопшто не бил вакциниран против коронавирус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.