Триесет и шестгодишно лице од Тетово и 46-годишно лице од Делчево се најмладите починати од коронавирус во изминатите 24 часа.

Според податоците на Министерството за здравство во изминатото деноноќие починале 15 лица, пет пациенти од Скопје (65, 64, 82, 60 и 66г), еден од Куманово (73г), три пациенти од Тетово (78, 36 и 61г), еден од Прилеп (69г), еден од Кавадарци (73г), еден од Кичево (51г), еден од Крива Паланка (79г), еден од Делчево (46г) и еден пациент од Кратово (59г).

Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Од почетокот на пандемијата во земјава починаа 2754 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.