Малку е веројатно дека летните температури ќе го запрат ширењето на коронавирусот, смета Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ЕЦДЦ).

Во соопштението се вели дека секоја земја во Европа се очекува да остане без легла на одделенијата за интензивна нега до средината на април, освен ако не се реагира бргу.

Центарот се повикува на истражувања што сугерираат дека вирусот не станува помалку опасен на топло и влажно време, со тоа намалувајќи ги надежите дека северната хемисфера ќе се спаси од вирусот со пристигнувањето на летото.

 До денес нема докази дека Сарс-КоВ-2 ќе биде сезонски вирус во северната хемисфера, како ни другите вируси од семејството на коронавирусот – се вели во извештајот.

Во него се тврди дека вирусот успеал да одржи високо ниво на репродукција во тропските предели, во кое е голема влажноста на воздухот, како што се кинеската област Гуанси и Сингапур.

Ова ја потенцира важноста од спроведувањето мерки, како што се изолација на заразените лица, почитување на растојанието при работа и затворање на училиштата – се додава во извештајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.