Досегашниот директор на Клиниката за токсикологија Нико Беќаровски, за смената на директорското место информираше на својот фејсбук профил, а за нов в.д. директор е назначен д-р Нагип Зумбери.

-Едно огромно БЛАГОДАРАМ до сите вработени на УК токсикологија, кои во изминативе 18 месеци, покажаа и докажаа дека сите заедно можеме МНОГУ. Чест и задоволство ми беше да бидам Ваш координатор, соработник, сопаталец, учител и водич.
Истовремено на новоназначениот в.д. директор д-р Нагип Зумбери, му посакувам многу успех, мудрост и верба во овој мал, но вреден колектив- напиша Беќаровски.

Едно огромно БЛАГОДАРАМ до сите вработени на УК токсикологија, кои во изминативе 18 месеци, покажаа и докажаа дека сите…

Gepostet von Bekjarovski Niko am Dienstag, 5. Februar 2019

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.