На Клиниката за инфективни болести една 16-годишна девојка која има морбили и бронхопневмонија е во животозагрозувачка состојба и е на механичка вентилација, информираа од здравствената установа. Како последица на заболувањето, во потешка здравствена состојба се и две деца и двајца возрасни.

Од Клиниката посочуваат дека во изминатите 24 часа амбулатски биле прегледани четворица пациенти меѓу кои едно невакцинирано осуммесечно бебе од скопското село Шишево, четиримесечно бебе од Сарај и двајца возрасни од Чаир.

На Клиниката се хоспитализирани 35 пациенти од кои 14 возрасни и 21 дете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.