Пациент од Тетово кој е еден од новите позитивни случаи заразен со корона вирус две недели, односно од 8 до 23 март бил сместен во Заводот за рехабилитација во Скопје.

Пациентот бил неподвижен и само еднаш имал посета, но сомнежи за корона вирус се појавиле кога кај пациентот се покачила телесната температура па му бил направен тест кој бил позитивен.

Тој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести, исконтактирани се сите 14 лекари и пациентите во Заводот.

Имаме пациент од Тетово кој од 9 до 23 март престојувал во Заводот за рехабилитација во Капиштец. По неговото враќање во Тетово заради зголемена температура направен е тест и тој преку тетовското инфективното одделение е препратен за хоспитализација на Инфективната клиника во Скопје. Денеска интензивно работеше тим епидемиолози, тестирани се 14 здравствени работници и четири пациенти имајќи ги предвид контактите, рече Филипче.

Од резулатите на тестирањата на вработените и пациентите, кај кои засега нема симптоми, ќе зависи дали оваа институција ќе биде затворена и дали во иднина ќе функционира амбулантски.

Министерот за здравство, Венко Филипче на новинараско прашање од каде се заразил пациентот ако бил неподвижен, вели дека според нивните информации тој имал посета, но остава простор да се утврди точно од каде се заразил пациентот. Тој уште еднаш повтори дека кај нас нема ниту едно автохтоно жариште.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.