Државните и приватните лаборатории го надминаа досегашниот рекорд на направени ковид-19 тестови за 24 часа. Во вчерашниот билтен на министерството за здравство се вели дека новите 173 заразени лица се детектирани од спроведени 1. 653 тестови за присуство на коронавирусот.

Во анализата на „360 степени“  вчерашните ковид-19 статистики се рекордни по повеќе основи. Починаа најмногу пациенти за 24 часа, вкупно 15. Бројот на активни случаи во главниот град Скопје надмина 2 000. Но, во исто време, последното дененоќие за кое има објавени резултати е рекордно и по бројот на тестови за ковид-19.

Досега, највисоките бројки на тестови се движеа нешто под 1 400 тестови за едно деноноќие.

Целиот текст тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.