И денеска продолжува скринингот за Ковид-19 во средните училишта во земјата. Резултатите вчера покажаа дека шеесет и осумте тестирани ученици од средното училише „Зеф Љуш Марку“ во Скопје се негативни на Ковид-19, а скрининг се спроведуваше и во Средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Освен во овие две училишта, скрининг на учениците ќе се спроведе во уште седум средни училишта во Скопје.

Медицинскиот техничар Денис Јанкуловски од Центарот за јавно здравје – Скопје во изјава пред Медицинското училиште „Панче Караѓозов“ рече дека тоа е второ училиште каде се спроведува скринингот.

Тоа се брзи скрининг тестови кои се слични до некаде како и тие што земаме брисеви и за коронавирусот. Резултатите се добиваат во рок од три до четири минути. Не треба да се грижат родителите, да не се мислат, бидејќи тоа се истите брисеви како кога ги носат децата за откривање бактерија на Микробиологија и истите брисеви кои се користат за санитарни прегледи, објасни Јанкуловски.

Надлежните објаснуваат дека тестирањето на учениците ќе се спроведува во просторија одредена од страна на училиштето, а тестирањето ќе трае помалку од една минута.

Тестирањето трае помалку од една минута, тоа е безболно и безбедно, и е како секое земање брис од грло или носна шуплина. Скринингот во училиштата ќе овозможи да се добијат релевантни податоци за можното асимптоматско ширење на вирусот ковид-19, односно дали се шири низ училиштата и каква е трансмисијата, велат од Министерството за здравство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.