Back to shape или во превод враќање во форма после породувањето е важно за секоја жена. За да се врати во форма, потребно е време, начин и тип на вежби, комбинирано со правилна исхрана се со цел жената да биде здрава и издржлива по породувањето. За сите овие дилеми и прашања за враќањето во форма разговаравме со Софка Муфишовска, тренер.

Каков тип на вежбање е back to shape?


Back to Shape е програма за вежбање за тазе породени мајки. Оваа програма е составена од вежби кои ги опфаќаат критичните зони на женското тело и помага на побрзо враќање на формата на телото и негово обликување.

 

Зошто се препорачуваат посебни вежби?

 

За време на бременоста женското тело трпи многу промени. По породувањето кај повеќето жени треба време за да се врати обликот каков што бил пред бременоста. Ова најчесто се однесува во стомачниот дел. Битно е да се обрати посебно внимание на овие делови на телото кога повторно се започнува со физичка активност за да може да се затегне и обликува телото. Back to Shape програмата е составена од комбинација на вежби кои точно ги опфаќаат и коригираат овие критични зони.

Колку пати неделно е пожелно да вежба и кога може да се започне со вежби по породувањето?

Термо Физичката Метода наложува два пати неделно да се практикува за да се постигнат позитивни резултати. Секако, интензитетот по желба и со консултација помеѓу клиентот и тренерот може да се зголеми. Сепак вежбањето треба да е константно за да има видливи и посакувани резултати.

 

Колку е важна исхраната, бидејќи доколку го дои бебето треба мајката да внимава и на тоа?

Кога зборуваме за исхрана мислиме на здравје. Целата програма на ТФМ е индивидуална, така што и исхраната согласно моменталната состојба на телото се адаптира соодветно. За време на доењето е исклучително битно сите минерали, витамини, протеини, јагленохидрати и масти да се внесуваат. Со соодветен баланс на овие состојки и редовна физичка активност ва кабините првите резултати брзо стануваат видливи.

Колку инфрацрвените кои се комбинираат со вежбите во оваа програма се здрави?

 

Инфрацрвените зраци се исклучително здрави, тие даваат топлина еднаква на сонцето, а нашите клетки лесно ги апсорбираат што придонесува за подобрена циркулација, подобро и побрзо функционирање на метаболизмот и побрзо топење на маснотиите. Со помош на ремчињата што даваат отпор во кабината се работи на дополнително обликување на фигурата.

Што ќе им препорачате на жените по породувањето?

Им препорачуваме да внимаваат на своето здравје и да се грижат за себе. Термо Физичката Метода е правиот избор за на мајките за брзо да им се врати енергијата и фит состојба на телото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.