Деветнаесетгодишниот Христијан Брњарчевски  наКлиниката за нефрологија преку трансплантација доби нов бубрег, дониран од неговиот татко. Министерот за здравство, Венко Филипче преку „Фејсбук“ информираше дека по трансплантацијата Христијан е во добра состојба.

Татко ми без размислување го даруваше неговиот бубрег за да го спаси мојот живот. По трансплантацијата ми е многу подобро. Повеќе не одам на дијализа, а повеќе време имам за другарите и семејството. Задоволен сум од целиот третман на лекарите кои се грижеа за мене. Пред две години трчав на маратонот во Охрид. Наредната година повторно ќе се пријавам затоа што знам дека можам! Имам повеќе сила и мотивиран сум, вели деветнаесетгодишниот Христијан Брњарчевски од Скопје со ретката болест Алпорт синдром.

Филипче додава дека за три години, на Клиниката за нефрологија изведени се 55 трансплантации на бубрези, а пациентите имаат нова шанса за квалитетен живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.