Високите температури секоја година влијаат врз здравјето на луѓето, тие можат да поттикнат исцрпеност и топлотен удар, како и да ја влошат веќе лошата здравствена состојба.

Избегнувајте излегување и напорна физичка работа во најтоплиот дел од денот. Избегнувајте чувствителни собири на луѓе, треба да го искористите најповолното време за да купувате, секогаш кога тоа е можно. Побарајте сенка. Не оставајте ги децата или животните во паркирано возило и, ако е потребно и можно, поминете два-три часа во разладен простор, почитувајќи ја физичката дистанца од најмалку еден метар, советуваат од Светската здравствена организација (СЗО).

Не заборавајте да го разладите вашиот стан/куќа, да го намалите загревањето во текот на денот со спуштање на ролетните, навлекување на завесите и исклучување на колку што е можно повеќе електрични апарати.

Избегнувајте изложување на сонце или на температури повисоки од 25 степени Целзиусови, бидејќи нема докази дека тоа го спречува или го лекува ковид-19, а го зголемува ризикот за здравјето. Може да се разболите од ковид-19 без оглед на тоа колку е сончево или топло времето, затоа заштитете се себеси и другите со редовно миење на рацете, кашлајте во свиткан лакот или во шамивче и со избегнување на допирање на лицето, велат од СЗО.

Носете лесна и широка облека, користете лесна постелнина, туширајте се или капете се во млака вода и редовно пијте вода, избегнувајте алкохол и пијалаци со премногу кофеин и шеќер. Ако вие или другите околу вас се чувствувате/чувствуваат лошо (вртоглавица, слабост, вознемиреност, изразена жед или силна главоболка), побарајте помош. Одете на поладно место што е можно поскоро и измерете ја температурата. Внимавајте хипертермијата да не ја замените со температурата. Ако постои сомнеж, одморете во ладно опкружување најмалку 30 минути и пијте вода за да ја надоместите течноста, притоа избегнувајте алкохол и пијалаци со премногу шеќер и кофеин. Ако температурата на телото остане висока, веројатно станува збор за температура и би требало да посетите лекар. Ако телесната температура опадне и лицето се чувствува подобро по одморот во разладена просторија, тоа е веројатно поврзано со топлотниот стрес, советува СЗО.

Обрнете посебно внимание на семејството, на пријателите и на соседите, кои поголемиот дел од времето го поминуваат сами. На чувствителните луѓе можеби им е потребна помош за време на топлите денови, а ако некој што го познавате е во опасност, односно под ризик, помогнете му да добие совети и поддршка почитувајќи ги препораките за физичко растојание.

Ако имате болни грчеви во мускулите, веднаш смирете се и легнете во разладена просторија и пијте течност што содржи електролити. Побарајте помош ако грчевите траат подолго од еден час. Посоветувајте се со лекар ако почувствувате невообичаени симптоми, ако симптомите траат подолго или ако се сомневате на температура. Веднаш повикајте лекар или брза помош ако некој има врела сува кожа и делириум и ако има грчеви или е без свест, заклучуваат од СЗО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.