Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека Ковид-19, болеста која е предизвикана од коронавирусот, со загрижувачка брзина се шири во некои делови од северната хемисфера, на неколку месеци од почетокот на сезоната на зимски грип.

Во некои земји почнавме да забележуваме загрижувачки трендови. Гледаме зголемување на бројот на пациенти на одделите за интензивна нега во болниците, особено во Шпанија, Франција, Црна Гора, Украина и некои делови од САД. Ова е загрижувачки бидејќи сезоната на грип се уште не е почната, изјави Марија Ван Керхов, технички директор на СЗО за Ковид-19, во текот на емитување на социјалните мрежи.

Ван Керхов изјави дека во неколку земји е зголемен бројот на пациенти на возраст меѓу 15 и 49 години, заразени со Ковид-19.

Мајк Рајан, главен експерт за итни случаи на СЗО, ги советуваше луѓето со висок ризик од инфекција со ковид-19 да се вакцинираат против грипот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.