Проблемот со трансродноста повеќе нема да биде класифициран како “ментално пореметување“ во однесувањето, одлучиле од Светската здравствена организација. Новата одобрена верзија родовата инконгруенција ја сместува во поглавјето за сексуално здравје.

Експерт од Светската здравствена организација изјавил дека сега сфатил дека трансродноста не спаѓа во категоријата за ментално здравствени состојби.

Меѓународната невладина организација „Хјуман Рајтс Воч“ вели дека оваа промена ќе има “ослободувачко влијание ширум светот“.

Во најновиот прирачник родовата инконгруенција се дефинира како изразена и упорна несогласност помеѓу полот кој се посакува и предодредениот пол. Во претходната верзија ова се сметало за пореметување на родовиот идентитет, во поглајето со наслов ментални и бихевиорални пореметувања.

Сфативме дека тоа всушност не е ментално здравствена состојба, а дефинирано како такво предизвикуваше стигма – изјавил д-р Лал Сеј, експерт за репродуктивно здравје во Светската здравствена организација.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.