Светската здравствена организација (СЗО) ги ажурираше своите упатства и препорача владите да го охрабрат населението да носи маски на јавни места каде постои ризик од пренесување на коронавирус.

Во новите упатства, поттикнати од резултатите од студиите спроведени во последните неколку недели, СЗО потенцира дека маските се само една во низата алатки кои можат да го намалат ризикот од пренесување, но не треба да обезбедат лажно чувство за безбедност.

Ние ги советуваме владите да ги охрабрат жителите да носат маски. Поточно, нека носат маска од ткаенини, односно немедицинска маска – рече Марија ван Керхове, технички водич на СЗО за коронавирус, во интервјуто за „Ројтерс“.

Сега ги имаме резултатите од истражувањето. Сега имаме докази дека маските, ако се постават правилно, можат да бидат пречка за потенцијално заразните капки – додаде таа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.